Голема битка со пожарот во Мадеира

Од:

Стотици португалски пожарникари се борат да го изгаснат пожарот што зафати делови од островот Мадеира, популарна туристичка дестинација.

Пожарот што избувна во средата во оддалечената рурална област Рибеира Брава се прошири и во соседната општина Камара де Лобос, соопштија официјални лица, пренесе Ројтерс.

Речиси 200 пожарникари поддржани од 38 возила го гаснат пожарот, но високите температури, малата влажност и силниот ветер им ги отежнуваат напорите.

За гаснење на пожарот бил ангажиран хеликоптер.

„Не се сомневам дека овој пожар е подметнат во непристапна област“, ​​изјави претседателот на регионалната влада на Мадеира, Мигел Албукерке.

Превентивно се евакуирани околу 160 лица.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Обид за атентат врз гувернерот на Пенсилванија

Нема повредени во пожарот кај Клинички центар, зафатени две возила и фасада на зграда

Голем пожар во близина на Клинички центар

Катерина Ѓуровски

38-годишен маж е повреден во пожар во Гостивар