Голема ајкула повлече десетгодишно дете од чамец во Австралија

Од:

Ајкула повлече десетгодишно дете од рибарски чамец во водите на островската држава Тасманија, но истата побегна кога таткото на детето скокна во морето за да го спаси, пренесоа локалните медиуми.

Според првичните информации, детето веднаш било однесено во локалната болница и се наоѓа во стабилна состојба, со мали повреди на раката, градите и главата по нападот на ајкулата. Детето носело појас за спасување додека било на чамецот со неговиот татко и уште двајца мажи кои ловеле риба оддалечени пет километри од брегот. Детето наеднаш било повлечено од ајкулата која го одвлекла во водите.

Австралија е држава со најголем број на напади од ајкули во светот, оваа година починале вкупно пет лица од такви напади.

Би можело да ве интересира

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Исчезна јужноавстралиски сурфер, се стравува дека е убиен од ајкула

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски