Голем пожар го зафати францускиот остров Корзика. Според информациите, 2.000 пожарникари се обидуваат да ја стават ситуацијата под контрола, а француските власти побараа помош од своите соседи од Европската Унија.
Локалните медиуми пишуваат дека стотици домови биле евакуирани. Покрај Корзика, пожар изби во Кастањие, северно од Ница, но француските медиуми известуваат дека пожарникарите набрзо спречиле понатамошно ширење на стихијата.