Голем број загинати во затворски бунт во Еквадор

Од:

Најмалку 17 лица загинаа во затворски бунт во еквадорската покраина Есмералдас, на границата со Колумбија, според прелиминарните полициски податоци, објавија денес локалните медиуми.

Според првичните информации, конфликтот се случил меѓу сопернички групи затвореници, објави Ефе.

Еквадорското Министерство за внатрешни работи, како и затворската администрација, официјално не ја потврдија оваа информација.

Роднините на затворениците објавија на социјалните мрежи дека немирите избувнале синоќа, во 3 часот наутро по локално време.

Според локалната веб-страница Примисијас, се верува дека бројот на жртви од конфликтот е поголем.

Најновите немири следеа по судирот меѓу затворениците во понеделник во покраината Ел Оро, на границата со Перу.

Затворите се еден од епицентрите на кризата со насилство во Еквадор, со околу 600 затвореници убиени во казнено-поправните установи од 2021 година, главно во судири меѓу сопернички групи, според Ефе.

Ова е една од причините што го натера претседателот Даниел Нобу да воведе серија итни мерки во јануари 2024 година за борба против криминалот.

Би можело да ве интересира

Случај Јилдиз Веапоска: Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност за гинекологот Асани кој и ги извади органите

Горан Наумовски

Еквадорски нарко-бос уапсен во Шпанија – одговорен е за смртта на повеќе од 400 луѓе

А1он

Полицијата го чува Саркози во затвор

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

Oслободен од турски затвор е хрватски морнар осуден на 30 години затвор, на бродот му најдоа 137 кг кокаин

А1он

Жесток конфликт меѓу Колумбија и Еквадор: „Се депортираат граѓани без формален протокол“