Голем број загинати, раселени и исчезнати на островот Суматра

Од:

Поплавите и свлечиштата на островот Суматра во Индонезија однесоа 26 животи, а најмалку 11 лица се водат како исчезнати, соопштија денеска службите за вонредни состојби.

„11 лица се сметаат за исчезнати, а 26 загинаа“, изјави портпаролот на Агенцијата за управување со катастрофи, Абдул Мухари.

Обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во областа Песисир Селатан во провинцијата Западна Суматра, принудувајќи 75.000 луѓе да побараат привремено засолниште.

Во истиот округ загинаа 23 лица, додека уште шест се водат како исчезнати, изјави шефот на локалната спасувачка служба Фајар Сукма. Уште три лица загинаа во невремето во областа Паданг Паријаман.

„Бројот на жртви може да се зголеми уште повеќе“, предупреди Сукма.

Додека дождот се уште врне, метеоролошките услови и прекинот на електричната енергија ја отежнуваат работата на спасувачките служби. Тие вчера успеаја да стигнат до најтешко погодените подрачја и да им поделат помош на евакуираните, особено шатори, лекови и храна.

Во невремето оштетени се стотици куќи, но и мостови, џамии и јавни објекти. Свлечиштата се редовна појава во Индонезија за време на сезоната на дождови, а во некои области проблемот се влошува со уништувањето на шумите.

Би можело да ве интересира

Земјотрес од 6,7 степени ја погоди југозападна Суматра

Силен земјотрес на Суматра

Ана Ололовска

Повторно големи пожари на Суматра

Ана Ололовска

Умерен земјотрес регистриран во близина на Суматра

Ана Ололовска

Жителите и власта на Суматра се молат да почне сезоната на дождовите

Ана Ололовска

Силен земјотрес регистриран кај Суматра

Ана Ололовска