Во базиликата Свети Петар во Ватикан, маж се соблече и застана гол пред црковниот олтар, веројатно во знак на протест поради војната во Украина, изјави денеска извор од Ватикан.
— Arsil (@arsagarson) June 2, 2023
Изворот наведува дека стражарите на Ватикан го предале мажот, кој не е идентификуван, на италијанската полиција.
Човекот го сторил тоа пред да биде затворена базиликата во четвртокот попладне, а на грбот имал знак кој повикува на спасување на децата во Украина, изјави извор од Ватикан. Според истиот извор, тој човек имал гребаници по телото кои си ги нанел со ноктите.
Неколку италијански медиуми објавија фотографии од инцидентот направени од туристи, објави Ројтерс.