Годинава рекорден број урагани во Атлантикот

Од:

Во годинешната сезона на урагани на Атлантикот забележан е рекорден број именувани бури, соопшти американскиот Национален центар за урагани.

Тропската бура Ета е 29-та во оваа сезона на атлантски урагани, со што е урнат рекордот од 28 бури кој е забележан во 2005 година.

Метеоролозите известуваат дека над Карипските Острови се формира уште еден систем, кој би можел да биде именуван во иднина.

Особено опасните бури добиваат имиња со цел да се подигне јавната свест при нивниот удар.

Сезоната на урагани трае од 1 јули до 30 ноември. Последната бура во годинешната сезона беше Ета, која ја погоди Флорида во текот на изминатиот викенд, причини значителна материјална штета и однесе човечки животи во Централна Америка.

Ета се уште не прерасна во ураган, а моментно се движи во североисточен правец на јужниот дел од Европа.

Би можело да ве интересира

Пирати нападнале брод во Атлантикот, шест лица грабнати

А1он

Во Атлантикот потонал гумен чамец, се стравува дека се удавиле 52 африкански мигранти

А1он

Американски метеоролози: Сезоната на урагани над Атлантикот ќе биде над нормалата

А1он

Над Атлантикот почна сезоната на урагани

Ураганот Мајкл преминa во трета категорија, се очекува уште да добие на јачина

Ана Ололовска

Ураганот Флоренс ослабна до втора категорија според скалата на Сафир-Симпсон

Ана Ололовска