Бројот на романски и бугарски работници,вработени во Велика Британија е помал во првите три месеци од оваа година,откако беше укината седумгодишната блокада вработување на државјаните од овие две балкански земји,членки на ЕУ.
Според податоците на британското Биро за статистика,публикувани денеска,во периодот од јануари,до крајот на март,имало 140 илјади вработени Романци и Бугари.Тоа е за четири илјади помалку отколку во последниот квартал на 2013 година,но е за 29 илјади повеќе,споредено со почетокот на минатата година.
Од 1. јануари оваа година,државјаните на Романија и на Бугарија се здобија со истите права за вработување во Велика Британија,што важат за државјаните на другите членки на ЕУ.
Укинувањето на оваа забрана,што беше воведена во јануари 2007 година,кога овие две земји станаа членки на ЕУ, предизвика бурна дебата во британската политичка јавност,околу имиграциската политика на земјата,посебно кога станува збор за приливот на работници од земјите на Унијата.
Традиционално евроскептичната британска јавност,од предвидениот наплив на Бугари и Роамнци,создаде политичко прашање ко се користи за барањњето на конзервативците во владата и на премиерот Дејвид Камерон за преиспитување на британско-европските односи и за враќање на дел од овластувањата што Лондон веќе им ги има префлено на Брисел.
Прашањето на имигрантите од ЕУ стана и главната тема во годинешнава кампања за евроизборите,на кои се очекува голем успех на крајноевроскептичната партија на незвисноста на Обединетото Кралство. Владата во Лондон не објави колкав број на имигранти очкува од Романија и Бугарија,но проториевската тинк-танк организација Мигрејшн Воч инсистира на годишен прилив од по 50 илјади доселеници.Во оваа бројка организацијата не ги става само работниците,туку и нивните сопруги и децата.