25-годишен Нигериец ја закопал својата 4-месечна ќерка жива, поради расправија со својата жена.
Полицијата го уапсила Макаулаиј Онитч поради сомневање дека живо го закопал своето бебе.
Бебето го однел во грмушка, ископал плиток гроб и го покрил со песок. За среќа настанот го забележал еден локален жител, кој се борел со таткото близу до гробот. Откако го совладал брзо го откопал бебето. Случајот потоа го пријавил во полиција.
На малата Енди при откопувањето и бил повреден вратот и била сместена во болница, а таткото бил во притвор.
Тој на полицијата им кажал дека се обидел да ја убие ќерката, затоа што сопругата по породувањето со неа одбивала да спие со него. Тоа го сторил од бес, но му било жал, рекол Макаулаиј.