Наташа Овен Џонс (31) мислела дека е дете сирче и единствено дете, но кога наполнила 10 години пронашла еден документ од кој дознала дека има брат.
По две децении барање го пронашла во затворот во Минесота, каде што завршил на доживотна робија поради убиство на дилер за дрога.
Братот и сестрата биле дадени на посвојување откако нивната мајка починала поради предозираност, а татко им завршил во затвор. Токму тој, биолошкиот татко оставил писмо во кое пишувало дека се одлучиле да ги дадат на посвојување за децата да имаат подобра шанса во животот.
По напорната истрага, откако го пронашла татко си, со помош на социјалниот работник, одговорен за посвојувањата, открила дека нејзиниот брат Лоренс бил преселен во САД и дека сега се нарекува Морган Шулц.
На крајот конечно се сретнале во затвотот во Минесота, каде што Морган издржувал доживотна робија поради тоа што го задавил дилерот со кој соработувал.
„Првиот миг кога го видов брат ми беше неверојатен момент. Имавме само еден час заедно, но се чинеше дека тој час прелета за еден миг. Знам дека луѓето ќе мислат дека сум луда затоа што сакам да имам работа со него, но тој ми е брат, и секогаш ќе биде“, вели Наташа.
Кога го убил дилерот братот на Наташа имал само 21 година. Тој вели дека тоа бил несреќен сучај кој се случил затоа што бил под дејство на дрога, а расправијата меѓу нив двајца започнала заради пари.