Американската автомобилска компанија „Џенерал моторс“ ќе откупи 200.000 свои акции од Владата на САД за 5,5 милијарди долари.
Владата планира да ги продаде преостанатите делови од автомобилскиот гигант во наредните 12 до 15 месеци.
„Џенерал моторс“ ќе плати за акциите за 27,50 долари по акција или за околу два долари над цената при затворањето на трговијата вчера.
Владата доби дел од компанијата како дел од спасувачкиот план за 49,5 милијарди долари, кој почна пред околу две години и го спречи финансискиот крах на компанијата.
По таа зделка, Владата ќе остане со околу 300.000 акции на Џенерал моторс, кој планира да почне да продава на отворениот пазар од јануари.