„Глобу“: Русија,Кина и Бразил се приоритетни држави за шпионирање

Од:

Русија, Кина и Бразил се приоритетни држави за шпионирање телефонски разговори и интернет од специјалните служби на САД. За тоа укажуваат наводи на поранешниот соработник на ЦИА Едвард Сноуден, публикувани во бразилскиот весник Глобу.

Публикацијата се заснова врз материјали на новинарите Глен Гриноулд, Роберто Кац и Жозе Кажаду. Гриноулд кој живее во Бразил веќе публикувал различни написи со кои Сноуден стана познат во светот, а САД беа вовлечени во најголемиот шпионски скандал во историјата.

Според Глобу, веќе неколкугодини Американците ги следат телефонските разговори во Бразил и интернет со помош на најмалкутри посебни програми.

Во рангирањето на приоритетите Бразил е со еден степен подолу, наведува Глобу објавувајќи мапа на светот со приоритети во шпионирањето. Во неа се истакнати држави како Авганистан, Ирак, Иран, Пакистан, Саудиска Арабија, Кина и Русија. Шпионирањето информации во Русија е со ист приоритет како и во Бразил.

Би можело да ве интересира

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

Шефот на ЦИА: Западот не треба да се плаши од руските закани за нуклеарна ескалација

Горан Наумовски

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

ЦИА: Украина има намера да задржи дел од освоената руска територија на некое време

ВИДЕО: Шефот на ЦИА се сретна со Кури во Приштина

ЦИА: Лидерот на Хамас Јахја Синвар е под притисок да прифати договор со Израел