„Глобал тајмс“: Европа плаќа за политиките на Вашингтон

Од:

Украинската криза, како и најавеното повлекување на илјадници американски војници од Германија, сè повеќе покажуваат дека јазот во НАТО се продлабочува и дека интересите на САД и нивните европски сојузници се сè повеќе се разликуваат, пишува кинескиот весник „Глобал тајмс“.

Во анализа посветена на прашањето дали Европа конечно ќе ја сфати сериозно својата стратешка автономија, весникот наведува дека „американскиот чадор“ почнал да се повлекува и дека европските држави се соочуваат со прашањето дали можат да продолжат да се потпираат на Вашингтон кога станува збор за сопствената безбедност.

„НАТО повеќе не е цврсто обединетата воена алијанса за која некогаш тврдеше дека е. Конфликтот на интереси меѓу неговите членови станува сè поизразен, а војната во Украина веќе јасно го покажа тоа“, пишува „Глобал тајмс“.

Според авторот, Вашингтон имал корист од украинскиот конфликт, додека Европа го сноси поголемиот дел од трошоците – од финансирање на испораките на оружје во Киев до спроведување на обемни санкции против Русија. Текстот додава дека откако го изгубила пристапот до поевтина руска нафта и гас, Европа платила висока цена со зголемување на трошоците за енергија, слабеење на извозната конкурентност и пад на животниот стандард.

Причината за новата дебата за европската безбедност беше и одлуката на Вашингтон да повлече околу 5.000 војници од Германија, што би го вратило военото присуство на САД во Европа на нивото пред 2022 година, објави Ројтерс. Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул рече дека одлуката нема да создаде празнина во одвраќањето на НАТО, но нагласи дека Берлин мора да го забрза развојот на сопствените воени капацитети.

Би можело да ве интересира

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски

Американските сили уништија ирански брод во Оманскиот Залив

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

Горан Наумовски

Хемати: Американците се во заблуда дека иранската економија се урива

Горан Наумовски