„Гледајте што ќе им се случува на пореметените копилиња денеска“ – Трамп најави нови напади

Од:

Доналд Трамп најави нови американски напади врз Иран, предупредувајќи „внимавајте што се случува со овие пореметени копилиња“. Трамп постојано нагласуваше дека САД ја добиваат војната и дека воените ресурси на Иран се значително намалени од почетокот на конфликтот.

Тој го повтори својот став во објава на платформата Truth Social, каде што напиша дека е „голема чест“ да ги „убие“, осврнувајќи се на членовите на иранскиот режим. Во истата објава, американскиот претседател го критикуваше The New York Times, тврдејќи дека американската војска има „неспоредлива огнева моќ, неограничена муниција и многу време“.

„Целосно го уништуваме терористичкиот режим на Иран, воено, економски и на други начини, но ако го читате неуспешниот Њујорк Тајмс, би се погрешиле ако мислите дека не победуваме. Иранската морнарица ја нема, нивните воздухопловни сили повеќе не постојат, нивните ракети, беспилотни летала и сè друго се десеткува, а нивните лидери се збришани од лицето на земјата. Имаме неспоредлива огнева моќ, неограничена муниција и изобилство време – Погледнете што ќе се случи со овие пореметени копилиња денес. Тие убиваат невини луѓе низ целиот свет 47 години, а сега јас, како 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави, ги убивам. Каква голема чест!“

Би можело да ве интересира

САД ги предупредуваат сојузниците да се подготват за можни напади врз Иран по изборите

Трамп размислува за укинување на санкциите кон Русија

Војната со Иран ги чинела САД над 47 милијарди долари, Пентагон пресметува нови трошоци

„Волстрит џурнал“: САД се подготвуваат за можен краток, но интензивен воен судир со Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Синот на Болсонаро побегна во САД по изборниот пораз, Трамп му одобри виза

Горан Наумовски

Хамнеи: Иран продолжува да управува со Ормутскиот теснец