Главниот телохранител на папата Франциск поднесе оставка поради протекување информации

Од:

Долгогодишниот шеф на обезбедувањето во Ватикан и главниот телохранител на папата Франциск, Доменико Џани денеска поднесе оставка поради протекување на информации за истрагата за наводните финансиски малверзации.

Оставката на 57-годишниот Џани, поранешен припадник на италијанската тајна служба, кој беше на функција во Ватикан од 2006 година, уследи по претресот без преседан, што неговите луѓе го извршија на 2 октомври во две клучни одделенија во Ватикан – Управата за финансиски информации и Државниот секретаријат.

Оттогаш во Ватикан владее вознемиреност поради протекување на интерни полициски објави со фотографии на петмина службеници во Ватикан, вклучително и двајца вработени во Управата за финансиски информации и еден монсињор од Државниот секретаријат.

Според неименувани извори во Ватикан, папата Франциск е лут поради што информацијата за таквата објава, која наликува на леток со „најбараните“ лица, се појави во јавноста.

Полициската објава беше предадена на чуварите на капијата во Ватикан, со цел петтемина осомничени да не можат да влезат бидејќи „претходно беа суспендирани“.

Папата Франциск нареди истрага за случајот.

Би можело да ве интересира

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти