Главниот град Вашингтон да биде 51-та американска сојузна држава, се предлага во Конгресот

Од:

Во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска ќе биде поднесен предлог за гласање главниот град на земјата Вашингтон да стане нова, 51-ва сојузна држава.

Од административна гледна точка, Вашингтон моментално е означен како Федерален округ Колумбија и формално-правно не е дел од ниту една сојузна држава.

Во најавата за предлогот, спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси синоќа изјави дека понискиот статус на престолнината е „несериозна неправда“. Таа рече дека законодавците во петок ќе успеат да ја исправат таа „неправда, која стои наспроти нашата демократија“.

Иницијативата ја „туркаат“ конгресмените демократи, кои сметаат дека жителите на престолнината уредно ги исполнуваат свиоте обврски пред државата но, бидејќи живеат на територија која не е дел од ниедна сојузна држава, немаат можност да избираат свои претставници во Конгресот.

Се смета дека иницијативата можеби ќе помине во долниот дом на Конгресот, контролиран од демократите, но може да биде блокирана во горниот дом од републиканците, кои го држат  мнозинството во Сенатот. 

Вашингтон се граничи со две сојузни држави: Вирџинија на југ и Мериленд на север.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД