Главната џихадистичка група во Египет и се приклучи на Исламска држава

Од:

Главната египетска џихадистичка група, Ансар Беит ал-Макдис, и се приклучи на екстремистичката организација Исламска држава (ИД) која делува во Ирак и Сирија, ветувајќи и верност, се забележува на аудио снимката што денеска е ставена на Твитер.

– Му се колнеме на верност на калифот Ибрахим Ибн Авад… кого ќе го слушаме и кому ќе му се покориме, се слуша на аудио снимката што е објавена на налогот на египетската џихадистичка група на Твитер, а овие зборови всушност му се упатени на лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади, пренесуваат француските медиуми.

Откако египетската армија го собори исламистичкиот претседател Мохамед Морси, во јули минатата година, главната египатска исламистичка група спроведува насилство од своето упориште на Синајскиот Полуостров, убивајќи полицајци и војници.

Оваа група и претхoдно изразуваше поддршка за ИД, но до денеска не и се имаше заколнато на верност.

Портпаролот на египетскиот министер за внатрешни работи, Хани Абдел Љатиф, изјави дека приклучувањето на групата Ансар Беит ал-Макдис кон екстремистичката организација ИД ништо не менува во борбата на египетските власти против милитантните активисти.

– Станува збор за исти терористи кои само имаат поинакви имиња, истакна портпаролот.

Групата Ансар Беит ал-Макдис е формирана за време на безбедносниот вакуум што уследи по револуцијата во текот на „арапската пролет“, во 2011 година, кога од власта беше соборен долгогодишниот египетски претседател Хосни Мубарак.

Оваа група, која се залага за примена на исламскиот закон (шеријат) и сака да ги одмазди исламистите убиени по соборувањето на Морси, изведуваше прекугранични напади на соседен Израел, како и напади врз египетски војници и полицајци, наведуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина