Гласање на референдум за нов устав во Египет

Од:

Почна втората фаза од гласањето на референдумот за предлогот за нов устав во Египет. Денеска ќе се гласа во 17 региони во земјата, меѓу кои и Гиза, близу Каиро. Правото на глас ќе го искористат 25,5 милиони избирачи.

Гласањето ќе заврши во 17 часот според Гринич. Но египетските власти соопштија дека времето на гласање ќе биде продолжено доколку на избирачките места има уште луѓе кои ќе сакаат да го искористат своето гласачко право.

Уште во првите минути по отворањето на гласачките места се создадоа редови од граѓани, дојдени да гласаат за новиот предлог устав.

Првата фаза се одржа минатата сабота и тогаш неофицијалните резултати покажаа дека предлог-уставот го одобруваат 57 отсто од гласачите.

Според прогнозите, се очекува при денешната, втора фаза, мнозинството да се изјаснат позитивно за предлог-уставот што го поддржуваат исламистите и египетскиот претседател Мохамед Морси. Негово отфрлање бара опозицијата која стравува дека таквиот устав би можел да претставува почеток на спроведување на шеријатското право.

Гласањето е поделено на два круга, бидејќи немаше доволно судии кои ќе го контролираат текот на гласањето.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет