Гласачките ливчиња на изборите во Холандија ќе се бројат рачно

Од:

Гласачките ливчиња на парламентарните избори во Холандија во март ќе се бројат рачно за да се избегнат евентуални кибер напади врз изборниот софтвер, кој се смета за премногу ранлив, изјави министерот за внатрешни работи Роналд Пластерк.

На 15 март 12,6 милиони Холанѓани со право на глас избираат нов состав на 150-члениот Парламент. Властите соопштија дека се мошне претпазливи за евентуални обиди за кибер напади, откако американското разузнавање ја обвини Русија дека се вмешала во претседателските избори во САД.

– Не можам да ја исклучам можноста некои држави да се обидат да влијаат на политичкото решение и на јавното мислење на Холандија во своја полза, рече Пластерк во писмо до Парламентот.

Тој исто така изрази загриженост поради ранливоста на софтверот, кој го користи Изборната комисија, што создава ризик изборите да бидат манипулирани.

На барање на телевизијата Ер-Те-Ел експертот за компјутерска безбедност Сејман Рувхоф извршил сопствена истрага на софтверот и заклучи дека обичен Ајпад има подобра заштита од холандскиот изборен систем.

Според анкетите овие неколку месеци засега најголем број гласови има Партијата на слободата на пратеникот, кој е познат како исламофоб, Герт Вилдерс, а по неа е Народната партија за слобода и демократија на премиерот Марк Руте.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина