Гласаа Ердоган и Киличдароглу: И двајцата кандидати за претседател на Турција веруваат во победа

Од:

Кандидатите за претседател на Турција, актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган и кандидатот на опозицијата Кемал Киличдароглу денеска гласаа во вториот круг од изборите, јави Анадолија.

По гласањето во Истанбул, Ердоган изјави дека за прв пат во историјата на турската демократија се одржува вториот круг од претседателските избори.

„Во вториот круг секако нема партии. Има само двајца кандидати и затоа верувам дека денешното гласање ќе биде многу брзо“, рече Ердоган и ја пофали високата излезност на изборите во Турција.

„Нема земја во светот каде излезноста достигнува 90 отсто. Турција на најдобар начин ја покажа својата демократска зрелост со излезност до 90 отсто. Верувам дека така ќе биде и денеска“, рече Ердоган.

Ердоган изрази желба изборите да бидат корисни за целата земја и граѓаните.

Киличдароглу им рече на новинарите по гласањето во Анкара дека верува во победа.

-Ќе победиме, ќе видите, верувам во волјата на народот, рече Киличдароглу и ги повика граѓаните да излезат на гласање.

Верувам дека ќе победи здравиот разум на народот и демократијата, рече Киличдароглу.

Во првиот круг од изборите на 14 мај, Ердоган освои 49,5 отсто од гласовите, а лидерот на турската опозиција Кемал Киличдароглу 44,89 отсто.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Противниците на Ердоган водат во Истанбул и во Анкара

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тројца мртви и десетици повредени во нереди на изборите во Турција

Катерина Ѓуровски

Локални избори во Труција, тесна битка за Истанбул

Официјални резултати од изборите во Турција: Ердоган победи со разлика од два милиони гласови

Горан Наумовски

Турција: Според Анадолија, Ердоган води во вториот круг, според агенцијата АНКА пак води Киличдароглу

Први резултати од вториот круг на изборите во Турција: Ердоган пред нов мандат

Горан Наумовски