Гидеон Сар: Палестинците се повеќе заинтересирани да го уништат Израел отколку да основаат своја држава

Од:

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар денеска изјави дека „Палестинците се повеќе заинтересирани да го уништат Израел“ отколку да основаат своја држава.

„Имаме непријател кој никогаш не го напуштил патот на поттикнување насилство. Она што вие го нарекувате Палестина е земја на Израел“, рече Сар како одговор на прашање на палестински новинар за време на конференцијата за безбедност во Минхен, објави „Тајмс оф Израел“.

Сар рече дека „една од целите на војната“ со Хамас во Газа е да се вратат сите заложници кои ги држи милитантното палестинско движење.

Би можело да ве интересира

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

„Џерузалем пост“: Арапските партии ја поддржаа опозицијата по изборите

Нетанјаху ја губи поддршката од долгогодишните сојузници, патот до мандат се отвора за Ајзенкот

Израел тврди дека Иран планира напади со хемиско оружје

А1он

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија

Истрага на ОН: Израел продолжи да врши геноцид во Газа дури и по примирјето