Ги Верхофстат: Преговорите за Брегзит да завршат до 2019 година

Од:

Белгискиот европратеник либерал Ги Верхофстат, кој ги води преговорите за Брегзит со Велика Британија во име на Европски парламент, изрази надеж дека до 2019 година ќе биде постигне договор за истапување на Лондон од ЕУ.

– Обединетото Кралство треба да го активира членот 50 (од Лисабонскиот договор) што е можно најбрзо, за да можеме да ги завршиме преговорите до 2019 година, истакна Верхофстат на прес-конференција во Стразбур.

Тој додаде дека ако Велика Британија сака да остане во единствениот пазар, Лондон треба да се согласи со слободно движење на европските граѓани.

Верхофстат истакна дека за ЕП четирите слободи на движење – на луѓе, на стока, на капитал и на услуги – се неделиви. 

Би можело да ве интересира

Барние: Британија отфрла секакво одложување на Брегзит

Ана Ололовска

Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит

Ана Ололовска

Зајберт: Меркел и Џонсон набрзо ќе разговараат за Брегзит

А1он

Шкотска е подготвена да поддржи секого кој е против Брегзит

А1он

Нема судење за Џонсон поради „лажењето за Брегзит“

А1он

Хамонд: Брегзит-от без договор ќе биде спречен

А1он