Гласањето во Велика Британија за излез од Европската унија е резултат на арогантното однесување на бирократскиот центар за донесување одлуки, како и на демократскиот дефицит во Унијата и лошото справување со економската и бегалската криза, изјави портпаролката на грчката Влада, Олга Геровасили.
– Одлуката на Британците да ја напуштат Европската унија не може да биде пријатна, но целосно се почитува. Јас тоа го сметам за најсилен аларм за ЕУ, што досега сме го имале, изјави таа во интервју за солунскиот весник „Тес Њуз“.
– Ова се резултати на демократски дефицит, лошо справување со економската и бегалската криза, но главно на арогантното однесување на бирократските центри за одлучување, нагласи Геровасили.