Германското Обвинителство ја потврди истрагата против шефот на „Фолксваген“

Од:

 Германското Јавно обвинителство денеска потврди дека е покрената истрага против претседателот на Надзорниот одбор на компанијата „Фолксваген“, Дитер Пех. 

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, истрагата ја водат истражители од Брауншвајг, кои успитуваат дали во 2015 година „Фолксваген“ манипулитал на пазарот на возила, со одложување на информациите во врска со последиците на штетните гасови во скандалот со софтверот за мерење на загадувањето.

Предходно, компанијата „Фолксваген“ најави дека истрагата од германското Обвинителство започната во јуни, со која беа опфатени двајца други водечки директори на компанијата, е проширена и на првиот човек на германскиот автомобилски гигант.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски