Германско МНР: Либија не смее да се претвори во втора Сирија

Од:

Либија може да се претвори во втора Сирија, ако во најкус можен рок не се најде политичко решение на конфликтот во земјата, изјави германскиот министер за надворешни работи Хаико Маас.

Пред почетокот на вонредната средба на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, тој рече дека Либија ќе биде меѓу темите за кои ќе се разговара, а нејзино претворање во втора Сирија не треба да се дозволи.

„Поради таа причина го почнавме Берлинскиот процес, во чии рамки поддржуваме дијалог, на прво место со оние земји, кои имаат влијание во Либија и ја поддржуваат едната или другата страна во конфликтот. Повикуваме на примирје и ембарго врз увозот на оружје“, изјави Маас.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус