Германските „Зелени“ бараат воведување на „климатски“ пасоши

Од:

Партијата на Зелените во Германија поднесе барање за воведување на т.н. „климатски“ пасоши, со кои на лицата кои бегаат од последиците од климатските промени ќе им биде овозможено да се населат во кој било дел на светот.

Зелените предупредуваат дека поради климатските промени цели државни територии можат да исчезнат, а како пример ги наведуваат островските држави во Пацификот.

Според Зелените, решение е воведување „климатски“ пасоши, со кои цели групи население ќе имаат можност да се преселат, од каде било во кој било дел од светот.

„Неопходно е да се помогне на оние чија егзистенција е загрозена поради климатските промени и да им се гарантира право на заштита“, се наведува во барањето. Тоа посебно важи за државите со историско или актуелно висок степен на емисија на штетни гасови. Потпретседателката на Бундестагот Клаудиа Рот оцени дека единствена опција би било на тие луѓе да им се даде државјанство.

Научниот совет на германската Влада проценува дека до 2050 година околу 25 милиони до една милијарда луѓе би можеле да бидат принудени да ја напуштат својата земја поради климатските промени.

Би можело да ве интересира

Мерц се обидува да добие поддршка од Зелените за измени на законот за ограничување на долгот

Мерц: Разговорите со Франција и Велика Британија за споделување нуклеарно оружје не како замена за заштитата на САД

Германските конзервативци и Социјалдемократската партија ќе формираат коалициска влада

Медиуми: Се зголемува бројот на загинати и повредени во Мајнхам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку еден загинат во инцидент во германскиот град Манхајм

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автомобил удри во толпа луѓе во Мајнхам, засега не се знае колку лица се повредени

Горан Наумовски