Германскиот канцелар во телефонски разговор со Ердоган вети поголема помош за Турција

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц и вети на Турција поголема помош по разорниот земјотрес на турско-сириската граница, во кој загинаа илјадници луѓе, јави ДПА.

За време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Шолц вети „понатамошна сеопфатна поддршка за справување со оваа катастрофа“, соопшти денеска владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.

Германија веќе распореди 50 експерти за земјотреси специјализирани за лоцирање и спасување на луѓе затрупани под урнатините од хуманитарната организација Агенција за техничко помош (THW), финансирана од ЕУ. Тие денеска заминаа од аеродромот во Келн во западна Германија.

Шолц, исто така, му го пренесе „најдлабокото сочувство за смртта на многу луѓе“, на Ердоган, кој изрази благодарност за меѓународната поддршка.

Би можело да ве интересира

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина