Германскиот дедо на Доналд Трамп дошол од „село на фалбаџии“

Од:

ДПА – Хамбург

Бабата и дедот на Доналд Трамп потекнуваат од германско село, чии жители се познати во областа со тоа дека сакаат да се фалат. Тоа е караткеристиката со која неретко се одликува и американскиот градежен пртетприемач и милијардер.

Ветувачкиот кандидат на републиканците, Доналд Трамп, постојано го потресува натпреварот за претседателските избори во САД во 2016 година, независно дали дава клеветнички коментари на адреса на мексиканските емигранти, се однесува грубо со новинари и покажува недостиг на познавања за меѓународната политика. Притоа, тој ја користи големата поддршка според истражувањата на јавното мислење.

Лудориите на надуениот градежен претпремач и милијардер се следат внимателно во Германија – а најмногу во винарското село Калштад, во западногерманската провинција Рајнланд-Пфалц, од каде потекнуваат бабата и дедото на Трамп. Њујоршкиот градежен магнат со неславните настапи е доста познат тука затоа што некои луѓе од селото имаат далечна роднински врски со него.

А што мислат жителите на Калштад за неговиот стремеж да стане најмоќниот човек на светот?

– Мислам дека го сметаат тоа за доста возбудливо, но типично по калштадски, всушност не се и толку впечатливо, рече Симоне Вендел. Таа е родена во Калштад. Направила духовит документарен филм за Калштад познатите деца од таму, меѓу кои е и кечап семејството Хајнц.

Меѓу другото, семејството Хајнц е поврзано со Демократската партија на САД, затоа што Тереза Хајнц Кери е сопруга на американскиот државен секретар Џон Кери.

Во „Кралевите од Калштад“, Трамп кој не познава такво нешто како лажна скромност, изјавува дека немало да постигне помали успеси дури и ако живеел во Калштад. Така што и покрај големото почитување кон постигнувањата на семејството, во селото, според Вендел постои и чувството дека Трамп „е недоволно громогласен“.

Освен тоа, додава таа, самиот Калштад е познат во регионот како „ди брјулесмахер“ или во превод „кочоперци“. Малкумина можеби ќе се изненадат кога ќе слушнат дека Трамп потекнува од село познато со своите самофалби.

Успешната историја на семејството Трамп започнала во 1885 година, кога дедо му емигрирал во САД и отворил крчма за трагачи по злато. Камен темелот на градежната империја на Трамп биле парцели земја во Њујорк. Но животот на бабата и дедото на Трамп не бил лишени од трагични моменти.

Според директорката на Иза историја и фолклор на Пфалц, Роланд Паул, нивната желба да се вратат за постојано во родното место била одбиена од провинцијата Баварија, кон која тогаш припаѓал Калштад, затоа што тие го напуштиле селото без одобрение.

Доналд Трамп е внук на „незаконски имигранти“, вели Паул, кој е интервјуиран на почетокот на филмот на Вендел.

Тоа фрла интересна светлина врз провокативните описи на Трамп за мексиканските имигранти како „престапници“ и „насилници“, и неговото барање за градење на ѕид долж мексиканската граница, како и за тоа дека под сомнеж го става граѓанскиот статус на претседателот Барак Обама.

– Начинот на кој тој продложува да говори арогантно не е толку пријатен, вели Ханс-Јоаким Бендер, кој е далечен роднина на Трамп. „Мојата баба по раѓање беше од семејството Трамп, а дедо ми беше од семејството Хајнц“, раскажува тој.

Пензиониранот винопроизводител се радува дека го гледа Трамп од дистанца. „Тој е баш толку напорен. Можеби добро котира меѓу републиканците, но тие се луѓе „кои започнувале војни“, додава тој.

Дали Бендер мисли дека Трамп може да дојде во посета некој ден? „Не можам тоа да си го замислам“, вели 72-годипниот маж. „Тој никогаш не бил загрижен за Калштад“, вели Бендер.

Кога пристигнал потомок на семејството Хајнц, тој се вклучил во дарување средства за црквена органа, раскажува сопственичка на гостинска куќа, Вероника Шрам. Тоа било добро примено од локалните луѓе.

– Не можам да си претставам Доналд да го стори истото, вели 68-годишната жена. „Неговиот братучед Џон дојде тука и беше многу пријатен, но Трамп е селанчиште и напрчен, вели Шрам.

– Подобро ќе биде ако тој не победи на изборите, продолжуваа таа, „затоа што тој има такви радикални ставови што не знам дали е тоа нешто добро. Ако некој како него управуваше во времето на дедо му, тој никогаш немаше да пристигне во САД“ вели Шрам.

Сара Бјулер, ќерка на винарот, исто така не е баш импресионирана од Трамп. „Има поинтересни теми од него“.

А како претседател? „Тој не е мојот претседател“, рече таа. „Грозјето ќе созрее и без претседателот Трамп“.

Според градоначалникот Томас Јаворек, селото има многу повеќе контакти со семејството Хајнц, отколку со Трамп – не само заради дарувањето на црквена органа, туку и затоа што потомци на Хајнц ги посетувале своите роднини и по неколку пати.

Трамп никогаш не дошол. „Ако дојде, сигурен сум дека ќе бидеме задоволни. А ако дојде како претседател, ќе се чувствуваме уште почестени, рече Јаворек.

Предизборната кампања во САД е многу долга, а Трамп е поларизирачка фигура – Јаворек не е сигурен дали САД барат некој како Трамп, но од гледна точка на затегнатоста со Русија, според него тие навистина сакаат силен човек. Јаворек вели дека ќе биде интересно да се види што ќе се случи и ќе стиска палци за него.

А Симоне Вендел? Околу 12 илјади луѓе го гледале нејзиниот филм за кој долго време го интервјуирала Трамп, но сега има интерес за филмот и во САД. Но Вендел не знае дали Трамп го гледал. „Кога пак ќе одам таму, може и да ме одбие“.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак