Германски пратеници ќе бараат средба со Сноуден

Од:

Група германски пратеници ќе побараат средба во рок од еден месец во Москва со поранешниот соработник на НСА, Едвард Сноуден, кој има времен азил во Русија, јави ДПА.

Барањето, кое се очекува да биде доставено денеска од парламентарна комисија, е поднесено ден подоцна откако државниот обвинител изјави пред Комисијата дека почнува паралелна истрага за прислушувањето на телефонот на германскиот канцелар Ангела Меркел од страна на НСА.

Германската парламентарна истрага е со задача да ги анализира операциите на НСА, но учесниците во комисијата беа на различни ставови по прашањето дали да го поканат Сноуден да даде детали за Берлин.

Би можело да ве интересира

Девојче од Србија до смрт ја избоде својата помала сестра во Лајпциг

Хорор во Германија, 13-годишно девојче ја уби својата седумгодишна сестра

А1он

Германија: Одобрено е ново оружје за Израел

Горан Наумовски

Експлозија во Германија: Голем број полицајци и експерти за експлозиви се на местото на настанот

Горан Наумовски

Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин

Мицкоски: Имавме продуктивен состанок со германската Стопанска комора