Германски историчар го врати медалот за заслуги поради чешкиот претседател Земан

Од:

Германскиот историчар Вернер Имхоф, кој има организирано стотици дебати со преживеани Чеси од Холокаустот, го врати медалот за заслуги на Чешкиот сојуз на борците за слобода (ЧСБС).

Како што јави дописникот на МИА од Прага, како причина се наведува тоа што иста таква награда од новото раководство на Сојузот доби и претседателот на чешката држава Милош Земан.

Портпаролот на Земан, Јиржи Овчачек, коментираше дека враќањето на медалот е политички чин.

Имхоф ја прими наградата во 2011 година, сметајќи го тоа за голема чест и беше втор Германец одликуван со медалот.

– Ако тој медал го заслужува и господинот Милош Земан, тогаш јас не го заслужувам – изјави историчарот, кој порача дека ќе ја врати наградата по пошта следната недела.

Нему не му се допаѓа позитивниот став на Земан кон десничарските екстремисти, неговиот повик за вооружување на секој поединец, навредите кои ги упатува кон новинари, давањето поддршка на претседателите на Кина и на Русија, како и повикувањето за непочитување на договорот на ЕУ за примање на бегалци.

Земан е одликуван од ЧСБС за „долгогодишна поддршка на слободата и демократијата” во јуни оваа година.

Би можело да ве интересира

Девојче од Србија до смрт ја избоде својата помала сестра во Лајпциг

Хорор во Германија, 13-годишно девојче ја уби својата седумгодишна сестра

А1он

Германија: Одобрено е ново оружје за Израел

Горан Наумовски

Експлозија во Германија: Голем број полицајци и експерти за експлозиви се на местото на настанот

Горан Наумовски

Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин

Мицкоски: Имавме продуктивен состанок со германската Стопанска комора