Германски градови се жалат на раст на имиграцијата од Југоисточна Европа

Од:

Имиграцијата од Југоисточна Европа во Германија е значително зголемена во последните години и општините се мачат да го прифатат овој наплив. Германските градови во моментов внимателно го следат проблемот и може да побараат помош од федералната влада или дури и од Европската унија, сооопшти списанието „Шпигел“.

Германските градови се растревожени од растечкиот број Романци и Бугари кои имигрираа во Германија во текот на последните години.

„Социјалниот баланс и социјалниот мир се крајно загрозени“, се наведува во внатрешен документ на Германската асоцијација на градови. Во документот се забележува дека многу имигранти од Југоисточна Европа се настануваат во градски реони каде веќе има висока невработеност. Се посочува дека проблеми со прифаќањето на големиот број новодојденци имаат посебно Берлин, Дортмунд, Дуисбург, Хамбург, Хановер, Минхен и Офенбах.

Во некои градови имиграцијата од Бугарија и Романија од 2006 година до сега се зголемила за шест пати.

Особена загриженост, според документот, буди фактот дека многу од имигрантите од Југоисточна Европа се финансиски нестабилни и не се добро образовани, со што за нив е речиси невозможно да си најдат работа, кога ќе пристигнат во Германија.

Во него се забележува дека напливот од Роми претставува особено тежок предизвик, ако се има предвид дека тие често пати живеат во мизерни услови.

Според документот, германските општини се исправени пред „значителни трошоци како резултат на овие миграции на сиромаштијата“.

-Очекуваме сериозна поддршка од федералната влада, за „Шпигел“ изјави Детлеф Шееле, одговарен за социјалната политика на Хамбург. Тој, исто така, повика проблемот да се разгледа неделава на средбата на работната група, која ги претставува германските провинции.

Не само во Германија има загриженост од зголемувањето на имиграцијата од Бугарија и Романија. Во документот на асоцијацијата се посочува дека градовите во другите европски земји, исто така, покажуваат тешкотии да ги примат имигрантите.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски