Германски десничари ќе ја реиздадат оригиналната „Мојата борба“ од Хитлер

Од:

 По издавањето на книгата „Мојата борба“ на Хитлер со критички забелешки и објааснувања за погрешните тези кои доведоа до смрт на милиони луѓе, во Германија сега се подготува печатење на издание во оригиналната форма на книгата без никакви дообјаснувања, јави дописникот на МИА од Берлин.

Властите во покраината Баварија веќе најавија дека ќе го запрат објавувањето и ќе ги гонат одговорните за таков чекор затоа што издавање на книгата, која беше основа за расистичката идеологија на Адолф Хитлер, се смета за опасна без соодвени коментари за тезите изнесени во неа.

За разлика од академското издание во кое се критикуваат идеите на Хитлер, а кое беше издадено првпат по 70 години, сега десничарската издавачка куѓе „Рог Паблишинг“ планира да издаде „непремостено издание без коментари од добриот човек“.

Цената на изданието кое веќе може да се нарача на интернет е 27 евра. Покрај книгата на Хитлер без дообјаснувања овој издавач продава и други книги кои промовираат радикални десничарски идеи. Меѓу нив се биографијата на Винстон Черчил во која тој е претставен како терорист-бомбаш, масовен убиец и уништувач на британската империја, како е реизданија на негови антисемитски текстови од триесетите години на минатиот век.

Изданието со критичко објаснување за идеите на Хитлер кое чинеше 59 евра беше продадено за неколку часови, а на веб сајтот „Амазон“ во Германија е меѓу 100-те најпродавани книги.
Во книгата Хитлер ги споделува своите расистички теории за театарот, филммовите, бракот, а цели 10 страници посветува на проблемот на сифилисот. Делото никогаш официјално не било забрането во Германија, но се до јануари годинава тоа не можеше да се издаде поради авторското право кое до тогаш го имаше владата на покраината Баварија.
Сега баварската Влада тврди дека делото не смее да биде обајвено без дообјаснувања согласно законите за превенција од ширења расизам.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски