Германскиот весник „Дер Спигел“ објави дека има информации дека Израелци го прислушувале разговорот помеѓу американскиот државен секретар Џон Кери и палестинската организација Хамас, за постигнување договор за примирје во Газа.
Според изворите на „Дер Спигел“ Израелците ги искористиле инфомациите за преговорите во постигнување договор.
Но, весникот тврди дека покрај Израел, најмалку уште една разузнавачка агенција го прислушкува американскиот државен секретар.
Имено во минатогодишните преговори во кои Кери беше посредник, тој редовно зборуваше со високи официјални лица на Блискиот исток. Во тоа време некои од повиците не биле извршени преку посебни технологии со кодирање, туку со обичен телефон, а разговорите ги пренесувал сателит, па затоа пораките ги пресретнала израелската разузнавачка служба.
Е. Г.