Германскиот бункер кој датира од време на Втората светска војна, на семејството Милојковиќ од Лапово го адаптира во свој животен простор.
По ослободувањето во Лапово имало неколку такви градби, но денес остана само бункерот изграден на имотот на ова семејство, кое пред петнаесет години реши да го адаптира во простор за живеење.
Поради непосредната близина на железничката пруга, имотот на Милојковиќ им бил стратешки важен на германските власти.
Возовите кои што поминувале тука биле врска помеѓу источниот и западниот фронт.
Борислав Милојковиќ уште како дете го градел бункерот со селаните од околните села.
Седум децении подоцна тој се наоѓа на истото место, поради тоа што неговиот син одлучил од градбата да направи простор кој што може да се искористи.
-Тулите од кои што е изграден бункерот се квалитетни и најверојатно се донесени од рушевините во Белград. Се гледа дека се пошироки од обичните – вели сегашниот сопственик на необичната градба.
Изгледот на бункерот речиси воопшто не е изменет. Фасадата ја задржала својата автентичност со видливи траги од борбите во текот на повлекувањето на германските трупи од тој крај.
По одлука на Народниот одбор, бункерот е даден на користење на семејството Милојковиќ без можност за промена на изгледот.
Елена Георгиевска