Германски болничар признал дека убил 30 луѓе, а се обидел да убие уште 60 лица

Од:

Германски болничар на кого во Олденбург му се суди за убиство на тројца пациенти, на болничкиот психолог му признал дека му дак преголемо количество лекови на 90 пациенти, од кои околу 30 починале.

Обвинетиот (38) одбил да сведочи пред судот, но се согласил да биде прочитано признанието дадено пред психолог избрасн од одбраната. Тој во признанието истакна дека се срами од своите „неопростливи“ дела.

Полицијата повторно ги разгледува сличаите на 170 починати пациенти во болницата Делменхорст.

Обвинителите тврдат дека мотивот за давање на преголеми дози лекови за срце била желбата на болничарот да создаде кризни ситуации погубни по здравјето на пациентите за да може да ги импресионира другите и да добие благодарност од пациентите поради своите способности да ги спаси од смрт.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски