Германски „Билд“ почнува со наплата на дел од интернет изданието

Од:

Најтиражниот европски весник, германскиот дневник „Билд“, планира да воведе наплата на дел од своите он-лајн содржини од почетокот на наредниот месец, соопшти денеска весникот.

„Билд“ ќе продолжи да дава бесплатен пристап до вестите на неговата популарна веб страница bild.de, но исто така, ќе понуди и „премиум пакети“ за претплата.

Читателите кои ќе купат печатено издание на весникот ќе добијат „дневна пропусница“, односно лозинка за пристапат до инетрнет содржините.

Новинските куќи ширум светот се соочуваат со намалување на продажбата и приходите од рекламите, како и со занемарлива заработувачка од изданијата на интернет, каде читателите бесплатно имаат пристап до голем број вести.

„Билд“ ја отфрла идејата за целосна наплата на он-лајн изданието, но од 11 јуни ќе понуди три различни „Билд плус пакети“ за цени од 4,99 до 14,99 евра месечно со екслузивни написи, фотографии и интервјуа. с

Би можело да ве интересира

Несреќа на градилиште во Германија, еден загина, неколкумина повредени

(ВИДЕО) Полицијата застрела маж во близина на израелскиот Генерален конзулат во Минхен

Горан Наумовски

Пукотници во центарот на Минхен

Горан Наумовски

ВИДЕО: Напад во Германија, избодени неколку лица

СДСМ: Брука, инвестицијата на германската БМЗ е целосно договорена и потпишана од владата на СДСМ

Жена со нож тешко рани најмалку шестмина во Германија