(ВИДЕО) Полицијата застрела маж во близина на израелскиот Генерален конзулат во Минхен

Од:

Германската полиција застрела осомничен во четвртокот во близина на израелскиот Генерален конзулат во Минхен, објавија локалните медиуми. Според весникот „Sueddeutsche Zeitung“, осомничениот бил застрелан во близина на музејот за злосторствата на нацистичкиот режим, кој се наоѓа во близина на израелскиот генерален конзулат во центарот на Минхен.


„Полицајците пукаа во сомнително лице“, соопшти минхенската полиција во краткото соопштение, без да даде повеќе детали.

За потсетување, истрели беа пријавени во Минхен во близина на израелскиот конзулат во центарот на градот. Службите за итни случаи реагирале на местото на настанот по извештаите за пукањето. Инаку, на денешен ден, пред 52 години, палестински терористи убија израелски олимписки спортисти во Минхен. Во спомен на тој настан денеска е затворен израелскиот конзулат, соопшти канцеларијата на израелското Министерство за надворешни работи.

Колку ова пукање има врска со датумот, ќе покаже истрагата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едно лице загина, 12 повредени во престрелка на забава за Денот на вештерките

A1on

Деветнаесетгодишно момче е рането во синоќешното пукање во Чаир

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад

Пукање во Чаир, еден повреден

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Три жени ранети во престрелка во Англија