Германски авион принудно слета во Кувајт поради закана од бомба

Од:

Патнички авион на германската компанија „Еуровингс“, што леташе на релација од Келн до оманскиот град Салалах, принудно слета на аеродромот во Кувајт, поради закана за псотавена бомба во леталото.

Како што јави ДПА, веднаш по слетувањето, од авионот од типот „Ербас А330-203“ биле евакуирани сите 299 патници и членови на екипажот.

Во тек е операција на кувајтските безбедносни сили за проверка на леталото.

– Авионот принудно слета на меѓународниот аеродром во Кувајт поради сомнеж дека во леталото би можело да има бомба. Во тек е прелиминарна истрага за да се утврди дали во авионот има експлозив, соопшти кувајтската Аленција за цивилно воздухопловство.

Засега нема повеќе детали за карактерот заканата.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он