Германската полиција заплени 300 килограми кокаин

Од:

Германската полиција заплени 300 килограми кокаин, што бил скриен во бродски контејнер со кој се пренесувале делови за машини.

Контејнерот бил на брод што од Бразил пристигнал во белгиското пристаниште Антверпен, а дрогата откако со камион била транспортирана во Германија на 18 септември, ја откриле вработени во логистичка компанија за која биле наменети деловите.

Според соопштението на полицијата кокаинот бил спакуван во вкупно 283 пакети распоредени во девет вреќи.

Контејнерот бил натоварен во бразилскиот град Сантос, а најверојатно поради пропуст на шверцерите, не бил преземен во Антверпен, пред да биде префрлен во Германија, во град во близина на границата со Франција.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ