Германската десница и исламот

Од:

– Денес колат овци и крави, а утре децата на христијаните – се слуша во центарот на Келн на демонстрациите кои ги штитеа полицијата и уставот. Тоа беше собир на пријателите на хаосот и непријателите на демократијата. Нивна цел е наводна одбрана на Германија од салафистите, а всушност од сите муслимани и исламот. Полицискиот синдикат овој настан го оцени како нов облик на насилство. Но, тоа веќе долго тлее меѓу нас.

Во Германија се шири исламофобијата и се подлабоко продира во политиката и медиумите. Омразата произведува насилство: од пролетта 2012 година до пролетта 2014, извршени се 78 напади на џамии, а немаше масовна солидарност со муслиманите кои живеат во Германија. Таа омраза сега се изли на улиците. Во Келн никна семе на омраза кое исламофобите одамна го посеаја.

Неодамна во издавачката куќа Спрингер се случи необичен инцидент. Каи Диекман, главен и одговорен уредник на Билд подвлече еден коментар од неделното издание на Билд ам Сонтаг. Во него пишува: – Дали религијата е пречка за интеграцијата? Мислам дека тоа не е правило, но е правило кога се работи за исламот… Не ни треба увозен расизам, ни она за што се залага исламот.

Диекман веднаш реагираше: Во Билд и Аксел Спрингер нема место за паушални и понижувачки изјави за исламот и луѓето кои веруваат во Алах.

Одлично кажано, но за жал погрешно. Токму Ди Велт на Спрингер во кој Диекман не е уредник, стана упориште на германските исламофоби. Диекман пишува за разликата меѓу исламот и бруталната идеологија на исламизмот. Луѓето кои пишуваат за Ди Велт сето тоа многу ги забавува: Ако сега почнеме да повлекуваме вештачки граници меѓу исламот и исламизмот, тогаш се што е лошо нема никакви врски со исламот. Со тоа би дошле до многу интересни резултати, бидејќи во тој случај ни загревањето на земјината атмосфера нема никакви врски со климатските промени, економската криза со капитализмот или Ди Линке со СЕД.

Овој судир во Спрингер е само симптом со далеку посериозна појава. Германската буржоазија повторно се јави за збор. Време е конечно да раскрстиме со омразениот хуманизам. Толеранцијата? Опасна. Имиграцијата? Пропадната работа. Мултикултурализмот? Шега.

Борбата против исламот во Германија е мешавина на различни појави: секуларната недоверба кон религиите, гнев поради сексизмот во исламските држави, социјален расизам кон религијата и вистински расизам кој го отфрлува исламот како туѓо тело. На крај се се сведува на истото – предрасуди кон сите муслимани. Новата десничарска партија Алтернатива за Германија цвета на ова плодно тло.

Кога Европскиот суд за човекови права одлучуваше за француската забрана за носење бурки, двајца судии дадоа одделно мислење. Тие сметаат дека во отворените европски држави никој не може да донесе закон со кој ќе се спречат граѓаните да се чувствуваат шокирани или испровоцирани поради некоја форма на културен или верски идентитет, кој отстапува од вообичаените норми на страната на францускиот или европскиот начин на живот.

Но секој со своите стравови се бори на свој начин. Насилните салафисти одат кај радикален оџа, а германскиот исламофоб го чита Ди Велт или т.н. авторски блогови како Осовина на доброто, кој има посебено брутален и циничен пристап. Една од категориите во менито на овој сајт е и Работи кои немаат никаква врска со исламот, во која се собираат застрашувачки приказни за силувања и каменувања на Блискиот исток.

Дури и да се точни овие приказни, тие не ја претставуваат вистината за исламот. Демагогијата води кон погрешна интерпретација на стварноста. Проблемот е во тоа што веќе сме фатени во таа стапица.

Борбата против виновниците е работа на полицијата и тајните служби, но тие во Германија веќе на големо го бараат супер-салафистот. Одделот во Штутгарт на германската тајна служба издаде упатство за откривање на непријателите: Тоа се мажи кои не се држат за раце со жените и носат панталони до глуждот. Па секој човек со скусени панталони не е салафист.

Загриженоста поради падот на арапскиот свет не смее да доведе до нов расизам. Сведоци сме на болен распад на постколонијалните држави. Меѓутоа, мнозинството муслимани живеат во Индонезија, Пакистан, Индија и Бангладеш. Проблемите на арапскиот ислам не се нужно и нивни.

Всушност, злосторствата на исламизмот имаат помалку врски со исламот од глупоста на нашата десница со нас.

Шпигл – Хамбург

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски