Германската авијација пресретна руски извидувачки авион над Балтичкото Море

Од:

Борбени авиони на германското воено воздухопловство пресретнале руски извидувачки авион (ИЛ-20М) во близина на островот Руген и го придружувале надвор од воздушниот простор на НАТО, соопшти денеска командата на германското воено воздухопловство.

„Германските пилоти ја започнаа својата мисија од базата во Лаге (Росток), со поддршка на шведските воздухопловни сили и Службата за контрола на воздушниот сообраќај на НАТО на Балтикот. Тие го придружуваа рускиот авион надвор од воздушниот простор на НАТО“, објави командата на германската авијација објави на мрежата Х (Твитер), пишува весникот Билт.

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади