Германка спречи трагедија, спаси мајка и две деца

Од:

Во Епелборн-Дирминген, Германија, вчера Петра фон Аркс ги спасила своите соседи (мајка и нејзините две деца) откако изби пожар во нивниот стан.

Петра излегла рано наутро да го шета своето куче. Таа забележала пламен како доаѓа од станот под нејзиниот. Таа веднаш повикала противпожарна бригада и тргнала во акција, пишува Феникс Магазин.

„Од станот долу излегуваше силен чад. А потоа се гледаше пламен. Во тој стан живее самохрана мајка со своите деца. Само помислив дека морам да ги извлечам“, рекла Петра фон Аркс.

Таа заедно со уште една жена го скршила прозорецот и од станот ги спасила жената и двете деца на возраст од девет и 13 години.

„Благодарение на херојските напори на соседите, никој не беше повреден. Тоа беше спас во последен момент, бидејќи пламенот јасно можеше да се види како излегува од прозорецот“, изјави Френк Ректенвалд, портпарол на противпожарната служба.

„Во станот имало и неколку кучиња и мачки кои, за жал, не го преживеале пожарот“, изјавил портпаролот на противпожарната служба во Ректенвалд.

„Во зградата имало вкупно пет лица. Сите успеале да стигнат на безбедно, благодарение на херојските напори на храбрите соседи“, соопшти полицијата.

Би можело да ве интересира

Мерц: Разговорите со Франција и Велика Британија за споделување нуклеарно оружје не како замена за заштитата на САД

(ВИДЕО) Прогласена е вонредна состојба на Лонг Ајленд

Горан Наумовски

Противпожарните екипи се борат со неколку пожари на Лонг Ајленд

ЦУК: Пожар во куќа кај катлоновско Блаце

Германските конзервативци и Социјалдемократската партија ќе формираат коалициска влада

(ВИДЕО) Голем пожар над Сараево, пожарникарите се борат да го спречат ширењето на пожарот