Германскиот весник Ханделсблат тврди дека во Берлин постои страв од новите економски политики што планира да ги спроведе тимот на новиот американски претседател Доналд Трамп, а кои би биле на штета на Германија и на ЕУ.
Весникот цитира извештај на германското Министерство за економија, според кој, експерти на Министерството го виделе планот на Трамп да стимулира мерки за развој на американската економија, а да воведе рестриктивни мерки за меѓународна трговија и миграциските политики.
Мерките за стимулација на домашната економија на Трамп, според планот што го објавува весникот, би започнале најдоцна од 2019 година, пренесува дописникот на МИА од Берлин. Според извештајот, политиките на Трамп ќе имаат негативен импакт и ќе креираат негативен економски дисбаланс на економскиот раст, инфлацијата, и може да фаворизираат рестриктивна монетарна политика.
Министерството за економија одбило да ги коментира наводите на весникот, кој потсетува дека Трамп во својата кампања се залагаше за ги ревидира трговските договори на САД со цел да го зголеми бројот на работни места во САД. Тој им се закани на Мексико и Кина со казнени тарифи за нивните стоки, што меѓународната економија може да ја воведе во трговски војни и запирање на процесите на либерализација на пазарите, од што штета ќе имаат и Германија и ЕУ.