Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Од:

Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивилите, објави германското Министерство за внатрешни работи.

Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.

Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на брифинг со новинарите изјави дека луѓето исто така ќе бидат охрабрени да постават засолништа во своите домови со реновирање на подруми и гаражи.

Портпаролот наведува дека составувањето на списокот со бункери ќе потрае бидејќи, како што наведе, станува збор за „голем проект“ во кој се вклучени и Канцеларијата за цивилна заштита и помош при катастрофи и други органи.

Тој рече дека клучните точки од планот биле договорени на конференцијата на високи функционери во јуни и дека посебна група работи на ова прашање. Во Германија има 579 бункери, главно од Втората светска војна и Студената војна, кои можат да засолнат 480.000 луѓе.

Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, постои зголемена загриженост дека Русија може да нападне некои членки на НАТО.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите