Германија со рекордна бројка на население

Од:

Германската Федерална агенција за статистика денеска објави дека бројот на вкупното население во земјата ја достигнал рекордната бројка од 82,8 милиони луѓе или 600 илјади повеќе од почетокот на минатата година, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Рекордната бројка на жители Германија, која се соочува со низок наталитет и каде смртноста од 1972 година е постојано поголема од бројот на новородени деца е достигнатата благодарение на мигрантите кои што само во последниве двегодини го зголемија вкупниот број на населението.

Само од баратели на азил Германија има околу 1,3 милиони луѓе, а на овој број треба да се додадат и економските мигранти, кои што во земјата пристигнуваат по работа..

Најголем дел од новите жители на Германија се од Сирија, Ирак и Авганистан но во земјата економски лидер на ЕУ последниве години има и голем број нови жители од Грција, Шпанија и балканските земји пред се Косово и Албанија.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ