Германија: Постои можност руската вакцина да биде одобрена во ЕУ

Од:

Постои можност руската вакцина „Спутник V“ да биде одобрена во ЕУ, изјави денеска шефот на германскиот комитет за вакцинација Томас Мертенс во интервју за „Рајниче пост“.

– Тоа е добра вакцина која веројатно, во одреден момент, ќе добие официјално одобрување од надлежните институции на ЕУ. Руските експерти имаат долгогодишно искуство со вакцините, рече Мертенс.

На почетокот на февруари, меѓународното медицинско списание „Ленсет“ објави преглед на резултатите од третата фаза на клинички испитувања на вакцината „Спутник V“, со што се потврдени одличните резултати на руската вакцина, која рангирана меѓу најбезбедните и најефикасните во светот.

Германија неколку пати повторуваше дека е подготвена да користи вакцини произведени надвор од ЕУ, но канцеларката Ангела Меркел и германскиот министер за здравство Јенс Шпан посочија дека предуслов е вакцината да биде одобрена од релевантното регулаторно тело на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани