Германија: Поранешен функционер на десничарската партија АФД вмешан во шверц на кокаин

Од:

Поранешниот регионален функционер на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија, Маркус Хофман, е обвинет за вмешаност во шверц на 36 килограми кокаин, соопштија денеска властите.

Хофман (46) се соочува со обвиненија за трговија со дрога и обид за трговија со дрога и може да се соочи со 15 години затвор доколку биде осуден, изјави портпаролот на обвинителството во Бремен, Франк Пасаде.

Хофман, пристанишен работник во Бремерхавен и уште четворица, наводно, го извлекле кокаинот во бродски контејнер во август 2019 година. Тој беше уапсен откако се обиде да извлече друга сомнителна пратка три месеци подоцна, рече Пасаде.

Хофман поднесе оставка на функцијата претседател на регионалниот огранок АфД од „лични причини“ околу времето кога започна истрагата, објави „Билд“, додека тој не сакаше да ги коментира обвинувањата.

Би можело да ве интересира

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин