Германија: Поради страв од шпионажа, се враќаат во употреба машините за пишување

Од:

Во Германија е забележана зголемена продажба на машини за пишување, поради тоа што компаниите и државните служби се повеќе стравуваат од американска шпионажа.

Старата технологија повторно стана актуелна поради шпионскиот скандал поврзан со американската агенција за национална безбедност НСА.

-Продаваме околу 10.000 машини секоја година, вели Ролф Бонен, менаџер на „ Бандерман”, додавајќи дека продажбата во однос на минатата година се зголемила за една третина.

И претставникот за односи со јавноста од „Олимпија“, Андреас Фостиропулис, вели дека оваа година очекуваат поголема продажба во однос на последните 20 години, наведувајќи дека на почеток на 2014 година се продадени двојно повеќе машини, отколку во истите периоди претходните години.

Тој наведе дека нивните руски бизнис партнери барале 20 машини за разузнавачките служби. Повеќе големи компании и поединци, од неодамна доверливите податоци ги ставаат на хартија.

Инаку политичарот Патрик Сензибург, кој се наоѓа на чело на праламентарната истрага на Бундестагот, поврзана со скандалот за прислушкување, минатата недела апелираше до политичарите да се вратат на старите технологии.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани