Германија почнува да ги отвора продавниците

Од:

Германија се подготвува за нова фаза во борбата против епидемијата на коронавирусот, при што на некои бизниси сега им е дозволено да работат по едномесечен прекин.

Се отвораат мали и средни продавници со површина помала од 800 метри квадратни, иако 16-те покраини имаат различни правила за враќање на работа.

Дилерите на автомобили и на велосипеди и книжарниците исто така ќе можат да продолжат со работа. Во некои провинции зоолошките градини се исто така на оваа листа.

Училиштата ќе бидат отворени за дел од учениците кои полагаат или се подготвуваат за испити во Саксонија, Берлин и Бранденбург. Другите провинции треба да ги отворат училиштата подоцна оваа недела или почетокот на мај. Дебатата за грижата за помалите деца продолжува.

Се очекува денеска да се одржи состанок на работната група на која ќе се разговара за постепеното обновување на работата на јаслите и градинките во државата.

Би можело да ве интересира

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин