Германија однапред го прогласи победникот на „супернеделните“ избори

Од:

Во три германски покраини Баден – Виртенберг, Саксонија – Анхалт и Рајна Палатинат во недела ќе се одржат избори на кој ќе се бираат пратеници и премиери на регионално ниво, јави дописникот на МИА од Берлин.

Изборите на кои што право на глас имаат 13 милиони луѓе се сметаат за прв изборен тест на владејачката коалиција на федерално по почетокот на бегалската криза пред седум месеци.
Иако во ниту една покраина не може да дојде на власт, за апсолутен победник на овие избори се смета антиимигрантската партија Алтернатива за Германија која што отворено се спортивставува на политиката на отворени врати на канцеларката Меркел.

Според анкетата на јавниот телевизиски сервис Це – Де – Еф (ZDF) во Саксонија = Анхалт екс социјалистичка покраина на Источна Германија АФД ќе освои 18 отсто од гласовите. Во индустрискиот регион Баден – Виртенберг партијата ќе добие 11 отсто а во Рајна – Палатинат регион познат по производство на вино ќе освои девет проценти од гласовите.

Партијата АФД која на овие избор настапува со слоганите „Обезбедете ги границите“, „Запрете го азилантскиот хаос“ најмногу профитира од загриженоста на граѓаните од бројто на имигранти и нивната желба тие да се интегрираат во европските вредности. Партијата која што до пред 3 години воопшто не постоеше сега е најголема опасност на ЦДУ на Меркел и Социјалдемократите кои што најмногу ќе изгубат на неделните избори кои што се нарекуваат „супернеделни“.

Колкав потрес предизвика бегалската криза и антиимигрантскиот сентимент меѓу германските граѓани може да се види и од фактот што за прв пат во историјата во покраината Баден Виртенберг според анкетите најголема партија се „Зелените“ а ЦДУ на Меркел е втора по рејтинг.

Би можело да ве интересира

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке